Search

Хортикултурни амбиции на скопјани – плаќаат за да им ги средуваат дворовите

Особено во последниов период сме сведоци дека на секој чекор можеме да прочитаме, дека некој уредува дворови. Коси трева, сади цвеќиња и дрвја…

Разни цвеќиња. Дрвја во различна форма и големина, грмушки, фонтани, чешми, базенчиња или бунари, тоа е само мал дел од она што може да се види во некој од скопските дворови. Летниковци, дрвени масички и столчиња, е сето она што се надополнува, за изгледот да биде комплетен.

Скопјани посебно се грижат за тоа какви ќе им бидат дворовите. Во минатото, за да имаш убаво среден двор, за тоа сте морале  самите да се погрижите, денеска е потребно само да имате малку повеќе пари.  Викате екипа и си плаќате за твојот двор да изгледа онака како што посакувате.

Скопјани уживаат во зеленило и хортикултурно уредени простори. Трендот на уредување на дворовите се засилува од година на година.

Оние кои имаат малку повеќе финансии грижата за дворовите им ја препуштаат на фирмите што се специјализирани за хортикултура. Фирмите што се занимаваат со хортикултура велат дека скопјани дури и се натпреваруваат чиј двор е поубав и бараат да биде уникатен и посебен

Убаво средени дворови особено има на периферијата на Скопје.

Треба да знаете
Последни објави