Search

(Фото) Избор на најдобра фотографија направена со мобилен телефон

Михал Весолек, талентираниот аматер од Полска, беше прогласен за добитник на Grand Prize и добитник на наградата “Најдобар во категоријата”, за категоријата “Good Night” на вториот натпревар HUAWEI NEXT-IMAGE. Неговата фотографија “Caught in a beam of light” е досега најсреќната фотографија на Весолек. Тој ја освои и првата награда во категоријата “Good Night” на Next Image Awards CEE&Nordic Edition

Приказната зад победничката фотографија

Победничката фотографија беше фотографирана кон крајот на февруари 2018 година во Гдањск, Полска. Михал Весолек раскажа: “Тоа беше последниот снежен ден оваа зима. Отидов со мојата љубов, Каролина, на вечерна прошетка. Среќа за нас, Gdańsk Shakespeare театар ја изведе јубилејната отворена изложба. Комплексот беше опкружен со скулптури и уметнички инсталации. Тоа беше момент кога забележав дека Каролина стои во зрак на светлина и се восхитува на три од нив. Така ја направив оваа фотографија.”

Станува збор за фаќање на вистинскиот момент

Global Next Image натпреварот се однесува на едно специфично поле на фотографија – направена со мобилен телефон. Тој е создаден за да ги исполни социјалните однесувања и потребите на 21 век, поради фактот што речиси секој има паметен телефон со камера во својата рака или џеб со кој може да ја долови магијата на секојдневната реалност.

“Самата идеја за мобилна фотографија е одлична затоа што ги извлекува луѓето надвор од домовите и ги предизвикува да откријат убавина на неочекувани места” – додава Весолек.

Современите паметни телефони се опремени со камери кои можат да се натпреваруваат со традиционалните. “Гледајќи ги сите победнички фотографии, можете искрено да кажете дека квалитетот не се разликува од традиционалните фотографии. Лично го користам Huawei Mate 10, Huawei Mate 10 Pro и Nova за фотографирање и сум многу задоволен”, вели Весолек

Одлука на жири комисијата

Судиите беа импресионирани од разновидноста, длабочината и квалитетот на годинешните учесници во шесте категории, но беа особено импресионирани од победничката фотографија “Caught in a Beam of Light”.

“Летачките снегулки го одразуваат светлинскиот зрак во горниот лев агол, додавајќи подлабоко значење на сликата. Тие ја отфрлаат мистеријата и шупливоста на темнината изјави Ли Чангџу, Заменик претседател на HUAWEI’s Consumer BG Handsets Product Line.

Processed with VSCO with a9 preset
Треба да знаете
Последни објави