Search

Фотографија на денот – Безбедност и здравје при работа

Безбедност и здравје при работа

Работата во градежништвото е една од најризичните дејности во поглед на повреди и загрозување на здравјето на работникот. И покрај тоа што законската легислатива постои веќе неколку години, повредите при работа се зголемуваат се повеќе од година во година.

Зголемување на квалитетот на безбедното работење и здравјето на вработените во градежништвото, и воопшто на работните места, треба да биде примарна цел на секој работодавач но фотографијата го кажува спротивното.

Имајќи ги предвид тешките услови на работа и ризиците со кои се соочуваат вработените во градежништвото, треба да се преземат релевантни активности од страна на носителите на проектите, изведувачите на градба, надзорните органи и воопшто сите вклучени страни, за успешно завршување на секој проект без повреди и инциденти – како заедничка цел  на сите инволвирани страни.

https://www.facebook.com/zbr28april/photos/a.1512424605721341.1073741828.1509278439369291/1866577290306069/?type=3&theater

 

Треба да знаете
Последни објави