Search

Фетел: Додека имаме шанси ќе се бориме за титулата

 Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел беше разочаран по вчерашната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур. Тој заврши на третата позиција и ја зголеми негативата во генералниот пласман во однос на лидерот Луис Хамилтон.

 

„Не извозив како што можам и умеам. Ако и на следните трки се покажам во вакво издание тогаш немам шанси. Треба што побрзо да го заборавам Сингапур и да се фокусирам на следните предизвици. Сè уште постојат шанси за шампионскиот трофеј и сè додека има теорија ќе се борам за врвот“, изјави Германецот.

Фетел во вкупниот поредок има 241 бод, 40 помалку од лидерот Хамилтон од Мерцедес.

Треба да знаете
Последни објави