Search

Учесник во тепачка одзел пиштол од полицаец

 Во тепачка што се случила вчера пред Полициската станица во Радовиш, еден од учесниците при турканицата која настанала,  одзел пиштол од полицаец кој сакал да го спречи насилството и се заканил дека ќе го употреби. Пиштолот веднаш му бил одземен од полицискиот службеник.

 

Откако вчера околу 17:50 часот пред влезот на станицата настанала тепачка помеѓу радовишаните В.Т. и Б.Ѓ., дежурниот полициски службеник се обидел да ги спречи.  Во пресметката се вклучиле и лицата Г.З и Т.С., исто така од Радовиш.

Полицискиот службеник издал наредба да престанат,  но тие не го послушале. Во турканицата, В.Т. успеал да го земе службениот пиштол на полицискиот службеник и да се закани дека ќе го употреби, но  полицискиот службеник успеал да му го земе, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Учесниците во пресметката се приведени и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави