Search

Ученик отстранет од час, таткото го истепал професорот

Ученик отстранет од час, таткото го истепал професорот

Професор физички бил нападнат од родител чие дете било отстрането од час поради тоа што тоа го нарушувало часот со неговото однесување, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 13.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, М.Н.(40) пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот во средното училиште “Методија Митевски-Брицо“, повеќе пати предупредил ученик дека го нарушувал часот со неговото однесување и од страна на М.Н. бил отстранет од час. По завршување на часот М.Н. му укажал во иднина да не влегува на час ако планира да ја нарушува наставата, а ученикот почнал вербално да се заканува по што од страна на обезбедувањето ученикот бил отстранет од училиштето. Во 12.10 часот во училишниот двор пријавителот го забележал родителот на ученикот кој го повикал да зборуваат и откако му било укажано на истиот дека неговиот син бил проблематичен физички го нападнал професорот- велат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави