Search

Упорна женска болест која постојано се враќа: Излечете ја на едноставен начин

Жените кои секојдневно пијат повеќе вода поретко имаат инфекции на уринарниот тракт, покажува новото истражување. Студијата се фокусираше на 140 жени кои често имаат воспаление на уринарниот тракт и дневно консумирале помалку од еден литар течности.

Во претстојните 12 месеци научниците од половината доброволци побарале и понатаму да пијат иста количина, а преостанатите ги замолиле дневно да пијат по литар и половина вода.

После една година се покажа дека поголемиот број на жени кои пиеле повеќе вода, во просек на инфекција на мочниот канал добиле 1,7 пати во однос на групата која дневно консумирала помалку од еден литар вода, односно имале инфекција во просек од 3.2 пати.

“Податоците упатуваат на тоа дека нивото на хидратација е поврзано со ризикот од воспаление на уринарниот тракт”, рекол лидерот на истражувањето односно доктор.

“Ако жената често има воспаление на мочниот канал треба да обрне внимание на тоа колку дневно консумира течност и ако тоа не е доволно, да го зголеми на најмалку две до три литри дневно”, смета докторот.

Треба да знаете
Последни објави