Search

Трчањето на празен стомак согорува повеќе калории

Повеќето нутриционисти и фитнес инструктори препорачуваат да каснете барем две-три здрави залчиња пред да почнете со вежбање.

Фитнес иснтрукторка  вели дека најмногу ѝ годи трчање наутро на празен стомак. Така наречениот „посен кардиотренинг“  многу делотворен во согорувањето калории, тврди таа.

„Кога нивото на инсулин е ниско, бидејќи немате јадено ништо, вашето тело нема друга опција освен да зема енергија од мастите. Тоа го правам секој ден и можам да потврдам од прва рака дека моето тело ги користи резервите на масти како извор на енергија, а не глукозата како што би било случај ако јадам пред тренингот“, вели таа.

Таа тврди дека најголеми резултати постигнува со интензивен тренинг наутро.

Сепак, нагласува дека овој метод ѝ одговара нејзе, но не мора да значи дека ќе му одговара на секого. Таа нагласува дека мора да го слушате сопственото тело.

„Некои луѓе се чувствуваат одлично кога трчаат или вежбаат на празен стомак, но за други тоа значи поголем замор. Ако заклучите дека можете да вежбате ‘на гладно’ многу е важно правилно да го нахраните телото по тренингот“, вели таа.

Првиот оброк треба да ви биде комбинација од јаглехидрати и протеини и секако, внесете доволно магнезиум за да ја спречите болката во мускулите.

Треба да знаете
Последни објави