Search

Три лица претепани во Скопје, завршиле во болница

Утринава во 01часот и 50 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, пријавено било дека кај нив биле донесени С.С. (52), С.С. (49) и Д.С. (52) сите од Скопје, со нанесени телесни повреди.

 

Имено, околу 01,00 часот тројцата движејќи се со такси возило кон населбата Шуто Оризари застанале на улицата “Виничка“. Додека стоеле, им се доближиле неколку лица и физички ги нападнале. По укажаната лекарска помош, лицата биле пуштени на домашно лекување, соопштуваат од полиција

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави