Search

Триесетдневен притвор за лицето кое се обиде да прокриумчари дрога преку аеродром

Триесетдневен притвор за лицето кое се обиде да прокриумчари дрога преку аеродром

Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена на лицето кај кое беа пронајдени околу три килограми марихуана при царинска проверка на скопскиот аеродром.

Основното јавно обвинителство Скопје попладнево соопшти дека против лицето кое имало двојно државјанство од Франција и од Косово е издадена наредба за спроведување на истражна постапка поради основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Марихуаната од 2,9 килограми била пронајдена во црна торба која осомничениот ја пријавил како личен багаж.

Треба да знаете
Последни објави