Search

Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат

Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД побарале од Турција аудио и видео снимки во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, „ако воопшто постојат“.

Истовремено Трамп ја нарече Саудиска Арабија важен сојузник истакнувајќи дека таа држава е голем купувач на американскиот воен извоз.

-Да, побаравме снимки… доколку постојат, рече Трамп пред новинарите додавајќи дека такви докази „најверојатно“ постојат.

Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост” Џамал Кашоги исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот во Истанбул.

Познат е како критичар на политиката што ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“, што претставува главна платформа на саудиските реформисти.

Во Турција е покрената истрага за неговото исчезнување.

Треба да знаете
Последни објави