Search

Тешка несреќа во Скопје,се преврте автомобил – има повредени

По полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило  со скопски регистерски таблици управувано од 19-годишниот П.Ѓ.  од Скопје изгубило контрола и се превртелo.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот  П.Ѓ. а со телесни повреди се здобил сопатникот, 18-годишниот А.Д. од Скопје, кои  биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави