Search

Тага меѓу навивачите на Јуве, по Буфон заминува уште една легенда

Неодамна Џанлуиџи Буфон по 17 години најави заминување од редовите на „Старата дама“, а сега клубот би можел да го напушти уште една легенда.

 

Станува збор за Клаудио Маркизио, кој најмногу поради големите проблеми со повреди во изминативе неколку сезони го загуби местото во тимот.

Останувањето на Алегри значи дека играчот кој проникна во овој клуб и понатаму тешко ќе добива шанса, ќе пристигне Емре Џан, Алегри бара уште еден играч за врска, а иако Маркизио сака да остане на клубот, се чини дека веќе му е соопштено да си замине.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Маркизио е разочаран, бидејќи станува збор за дете на Јувентус, човекот кој помина се со овој клуб.

Тој има договор со „Старата дама“ до 2020 година, но Јувентус би сакал да се ослободи од неговата плата.

Маркизио има понуди од МЛС лигата, а неодамна изјави дека не може да се замисли себеси во дрес на некој друг италијански клуб, така што најверојатно ќе го напушти својот „дом“ ќе ја заврши кариерата во Америка.

Треба да знаете
Последни објави