Search

Табарез: Дали ќе игра Кавани? Ќе видете сами…

Репрезентацијата на Уругвај денеска од 16 часот го игра четвртфиналниот натпревар од Светското првенство против селекцијата на Франција, а се уште е нејасно дали на располагање ќе го имаат најдобиот поединец, Единсон Кавани.

Кавани мораше да го напушти натпреварот против Португалија во претходната рунда поради повреда на листот, а исто така пропушти и некои од тренинзите. Во текот на вчерашните тренинзи беше забележам како се припрема самостојно за денешната средба. Селекторот Оскар Табарез беше дециден во изјава за медиумите дека почетната постава ќе се знае пред натпреварот, а дотогаш останува да се припремаат за дуелот.

– Не можам да ви ги дадам сите информации. И ние не знаеме се за Французите. Тој е важен играч за нас и работеше на опоравување. Сепак, мислам дека зборувавме доволно за него, бевте известени што се случи. Пред почетокот на натпреварот ќе знаете кој ќе биде во стартниот состав, – изјави Табарез.

Треба да знаете
Последни објави