Search

СП 2018: Русија го победи Египет и си обезбеди учество во елиминациите

 Репрезентацијата на Русија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако ја запиша својата втора победа во групната фаза. 

 

По победата од 5:0 над Саудиска Арабија на стартот, синоќа „зборнаја“ се справи со Египет, откако победи со 3:1 во Санкт Петербург.

Четирите погодоци паднаа во вториот дел, а резултатот во корист на домаќините на Мундијалот беше отворен по автогол на Ахмед Фати во 47-та минута. Дванаесет минути подоцна, Денис Черишев го зголеми водството на Русија со својот трет гол на Светското. Во 62-та минута сѐ заврши за „фараоните“ откако Ѕјуба постигна гол за 3:0.

Во 73-тата минута, Мохамед Салах постигна гол од пенал за тимот од Северна Африка, но Египќаните немаа сила за повеќе.

Во вториот дуел во 2.коло од групата, Уругвај денеска игра со Саудиска Арабија и со евентуална победа ќе си обезбеди учество во елиминациската фаза.

Треба да знаете
Последни објави