Search

Со мотор се забил во бетонска жардињера, повредeниот итно пренесен во Болница

Со мотор се забил во бетонска жардињера, повредeниот итно пренесен во Болница

Вчера во 19:00 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, мотоцикл „Хонда ЦБР 600“ со беровски регистарски ознаки, управуван од С.К.(31) од Пехчево удрил во бетонска жардињера.

Притоа, С.К. се здобил со тешки телесни повреди. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави