Search

Случајно освоил милион долари на лотарија во Њу Џерси

Случајно освоил милион долари на лотарија во Њу Џерси

Данте Кастиљо и неговата сопруга од Њу Џерси освоиле милион долари на лотарија, откако Данте случајно купил лотариско ливче на кое биле компјутерски одредени броевите. Подоцна се покажа дека тие бројки биле добитни.

Како што соопштија од Државната лотарија -70-годишниот Данте обично сам ги избирал броевите, но овој пат, по грешка, продавачот му продал ливче со веќе отпечатени бројки по случаен избор на компјутерот.

Кастиљо и неговата сопруга сега имаат опција веднаш да земат милион долари или да добиваат по илјада долари неделно до крајот на животот.

Продавницата во која е продадено добитното ливче ќе добие десет илјади долари бонус.

Треба да знаете
Последни објави