Search

Сити го награди Гвардиола со повисока плата

Менаџерот на англиските шампиони Манчестер сити, Пеп Гвардиола доби нов договор со клубот со кој ќе добие поголема плата.

Иако договорот е со идентично траење (до 2021 година), се работи за награда за Каталонецот за импресивната сезона со премиерлигашот. Тимот од „Етихад“ доминираше против речиси сите противници оваа сезона, а многумина го оценија неговиот тим како еден од најмоќните во историјата на ПЛ.

„Среќен сум и возбуден. Вистинско задоволство е да се работи тука. Уживам со моите фудбалери секој ден и ќе направиме сѐ да бидеме подобри следната сезона. Како менаџер, прекрасно е да се биде со овие фудбалери. Имаме млад тим со просечна старост од 23 години и сакам да одиме ниво погоре“, изјави Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави