Search

СДСМ: „Титаник“ докажа дека „Ало Миле“ анкетите на Божиновски се лажни

СДСМ: „Титаник“ докажа дека „Ало Миле“ анкетите на Божиновски се лажни

Во една од бомбите на СЈО кои се слушнаа денеска во Кривичниот суд, јавноста слушна како екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски договара местење на анкетите со Владимир Божиновски

Jанакиески, како што вели самиот „ушите ми зујат и срцето забрзано ми чука“, кога Божиновски, во десетминутниот телефонски разговор му кажува дека паѓа поддршката за ВМРО ДПМНЕ во 4 изборна единица.

-Ме попари, вели Јанакиески, а Божиновски одговора дека можеби и тој направил грешка во анкетата, но дека трендот е надолен.

-Ич не ми е јасно, вели Божиновски, пцуе по СДСМ и го советува Јанакиески „да продолжи јако до крај“, по што екс министерот бара совети од сопартијци како да го поправат партискиот рејтинг.

Дел од предлозите биле „невладина организација да му даде награда на Миле“, да се најави голем проект како Прилеп 2014, да се истура зејтин, брашно се што може и да се договораат „ексклузивни“ интервјуа со Миле Јанакиевски.

СДСМ: Случајот „Титаник“ потврдува дека анкетите на Институтот на Божиновски се лажни

-Денешните разговори што се слушнаа во предметот „Титаник“ што се води против поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште една потврда за злоупотребите коишто 11 години ги правеше режимот, соопштија СДСМ откако се слушнаа бомбите во судницата.

-Денеска јавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале во јавноста лажни анкети преку кои се манипулирале граѓаните. Анкетите на Божиновски биле нарачани по принципот „ало Миле“ што е уште потврда дека анкетите на Институтот за политички истражувања се лажни и единствено во функција на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и демократски услови, за нив е важен единствено партискиот интерес и одбрана на криминалот, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави