Search

Свирепо убиство во Прилеп – убиен, па запален во автомобил

Свирепо убиство во Прилеп – убиен, па запален во автомобил

Околу 16:30 часот во полиција било пријавено дека во село Беловодица на патот гори непознато лице.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело, информираат од МВР.

Утврден е идентитетот на лицето. Станува збор за 36-годишниот А. Б. од Битола, кај кого биле забележани четири прострелни рани во телото. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. По насоки на ЈО, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави