Search

САД двојно ги зголемија тарифите, Турција го возвраќа ударот

 Турција ја извести Светската трговска организација дека од 17 октомври ќе воведе  квота на увоз на челик со цел да ја заштити домашната челична индустрија.

Заштитните мерки се последица на непредвидливите случувања, кои директно влијаеја на количината на увоз на споменатите производи во Турција, се наведува во поднесокот на турското Министерство за трговија доставено до СТО.

-Турција е атрактивен пазар за производи од челик, кои се предмет на сѐ поголем број заштитни мерки. Токму тие мерки, кои почнаа да се применуваат ширум светот, предизвикаа зголемен прилив на спомнатите производи во Турција, се додава во документот.

САД во август двојно ги зголемија тарифите за турскиот алуминиум и челик, кои сега изнесуваат 20 отсто за алуминиум и 50 отсто за челик.

Треба да знаете
Последни објави