Search

Роналдо: Признавам, бев малку нервозен

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо вчера конечно ги постигна првите погодоци во дресот на Јувентус на натпреварот кој „Бјанконерите“ го добија со 2:1 против Сасуоло.

Роналдо ја затресе противничката мрежа во 50-та и 65-та минута и после натпреварот призна дека симнал голем товар од својот грб.

„Среќен сум поради головите и победата. Навистина сакав да ги постигнам првите голови оваа сезона и признавам дека бев малку нервозен. Не успеав да погодам на три натпревари, но работев добро и знаев дека е само прашање на време кога ќе ми тргне“, изјави Роналдо и додаде:

„Добро се прилагодив на италијанскиот фудбал. Кога дојдов од Реал Мадрид очекувањата од мене беа големи и мислам дека ќе ги оправдам“, изјави Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави