Search

Родила ќерка и видела дека нешто не е во ред со неа, но мајката не се предаде

Родила ќерка и видела дека нешто не е во ред со неа, но мајката не се предаде

Џоди Ханкокс од Австралија штом се породи знаеше дека со нејзината ќерка нешто не е како што треба.

-Истата секунда кога Луси се роди, знаев дека со неа не е се како што треба да биде. Левата страна од лицето и беше многу помала од десната, се присети Џоди, а наскоро Луси доби и дијагноза – Пари Ромберг синдром.

Тоа е ретко нарушување во кое имунолошкиот систем го анведува ткивото под кожа да се смалува.

Foto Profimedia

-Бев очајна по разговорот со лекарите зошто и рекоа дека нема начин да се спречи оваа дегенеративна болест. Мислев дека моето дете ќе има тежок живот, ама не се предадовме, раскажува оваа храбра мајка.

Foto Profimedia

Лекарите рекоа дека е неминовно тоа што лицето на Луси во еден момент потполно ќе се дзинтегрира и дека ништо не може да се направи. Собирале пари и конечно нашле лекар во Америка кој рекол дека верува дека може да изведе операција која ќе ја спаси нивната ќерка. Самите операции вкупно чинеле околу 115.000 долари. Лекарот рекол дека ќе биде потребно да се извршат три операции, но е уверен во позитивен исход.

Foto Profimedia

-Повторно и го изгради лицето и го спречи натамошното распаѓање. Поради болеста имала лезии на мозокот кои ги запрел со помош на стероиди, но поради тоа лицето се уште и изгледа како малку да виси, раскажува Џоди.

-Луси секогаш ќе се разликува по изгледот од другите деца, но најважно е болеста да ја држиме подалеку. Таа е толку храбра. Не се плаши од операции и не дозволува грдите коментари да ја обесхрабрат, рече Џоди.

Foto Profimedia
Треба да знаете
Последни објави