Search

Работнички поведе во финалето од плејофот

Работнички го победи МЗТ Скопје Аеродром со 86:77 и поведе со 1-0 во финалето од плејофот на македонскиот кошаркарски шампион.

Тимот од „Градски парк“ ја искористи предноста на домашен терен и со подобра игра во последната четвртина го направи првиот чекор кон титулата.

Следниот натпревар се игра в среда кога домаќин ќе биде актуелниот првак МЗТ Скопје.

Финалето се игра до три добиени средби.

Треба да знаете
Последни објави