Search

Протестите на Бит-пазар продолжуваат граѓаните револтирани-Шилегов:Трпението е при крај

Протестите на Бит-пазар продолжуваат граѓаните револтирани-Шилегов:Трпението е при крај

Дваесетина продавачи, кои протестираат за да се вратат и да продаваат на диво по тротоарите на Бит-пазар, го блокираат сообраќајот во половина град. По секој работен ден скопјани, било со автомобил или со градски автобус, мора да кружат за да стигнат до дома, само затоа што не можат да поминат по блокираниот булевар Крсте Мисирков. Она што е почудно е што полицијата тоа го дозволуваа петти ден, само затоа што треба да го испочитува нивното демократско право.

„Трпението е при крај“. Вака изјави градскиот татко на Скопје, Петре Шилегов, во врска со протестите на нелегалните трговци кај Бит Пазар, додавајќи дека протестите наскоро ќе завршат, ако трговците сами доброволно не се откажат. Тој уште еднаш апелираше до нив да престанат со протестот и да го легализираат својот бизнис за да не дојде до несакани сцени.

Во меѓувреме, нелегалните трговци остануваат на ставот дека нема да заминат од улицата додека не им биде дозволено повторно да ја вршат својата дејност, продавајќи на тротоарите и околу Бит Пазар.

Треба да знаете
Последни објави