Search

Пронајдени коски кај охридско Рамне,полицијата врши увид дали се човечки останки

 Во Секторот за внатрешни работи од Охрид вчера било пријавено дека во месноста „Лозја“ во атарот на охридското село Рамне биле забележани коски што наликувале на човечки остатоци.

Екипа на охридската полиција по овластување на Јавен обвинител веднаш излегла на терен и извршила увид на лице место.

Преземени се активности за расветлување на настанот, а ДНК-анализите и истрагата ќе утврдат дали станува збор за човечки остатоци.

Треба да знаете
Последни објави