Search

Приведена 24-годишна девојка, поминала на црвено па се расправала со полицајка

Дваесет и четиригодишна девојка е приведена откако поминала на црвено, па потоа навредувала полицајка. Според полицијата вчера околу 14.40 часот во Скопје, полициски службеници ја привеле А.К.(24) од Скопје.

Неколку минути претходно таа извршила кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На паркинг простор на улица „Крушевска Република“ полициска службеничка се обидела да изврши проверка на идентитет на А.К., која претходно поминала на пешачки премин на црвено светло.

Девојката не застанала, ја навредувала полициската службеничка, ја оттурнала од себе и побегнала. Неколку минути подоцна таа била пронајдена и приведена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави