Search

Општина Бутел и Младинскиот Совет присуствуваа на настанот „ЕВРОПА ЗБОРУВА„

Општина Бутел и Младинскиот Совет на Општина Бутел присуствуваа на настанот „ЕВРОПА ЗБОРУВА„

Претставници од Општина Бутел и Младинскиот Совет на Општина Бутел присуствуваа на настанот „ЕВРОПА ЗБОРУВА„ кој беше реализиран во периодот од 10 до 13 мај 2018 година во Белград, Србија.

Организатор на настанот беше Општина Врачар, Белград и Здружението на граѓани Либеро од Белград, во партнерство со Организацијата “Прони” од Брчко, Организацијата за културна соработка Интеркултура од Скопје, “Млади Змаји” од Љубљана и меѓународната организација “Оут оф тхе бокс”, со присуство на претставници на локалните власти од Општина Врачар – Белград Општина Бутел – Скопје, Брчко и Љубљана.

Овој проект е поддржан од програмата “Европа за граѓаните” на Европската унија. Учесниците во овој проект, како и голем број заинтересирани граѓани, имаа можност преку бројни активности да се запознаат подобро со Европската унија и да добијат корисни, објективни и точни информации за вредностите и политичкиот систем на ЕУ.

Младите луѓе имаа можност да разговараат за Европската Унија и да разменат искуства во оваа област со своите врсници од други земји преку работилници и интеркултурни активности на различни локации во општина Врачар.

Треба да знаете
Последни објави