Search

По жештините следи сериозно невереме, подгответе се

По жештините следи сериозно невереме, подгответе се

Новата недела која ние на прагот поточно од понеделник па во текот на следните денови циклонот ФЛОРИЈАН повторно се враќа и ќе влијае на времето во државава.

Ќе услови дестабилизација на атмосферата со почести врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ АТМОСФЕРСКИ ПРОЦЕСИ кој ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплави и позначително количество на воден талог за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

На граѓаните ги предупредуваме и советуваме во ваква ситуација да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ односно во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Исто така граѓаните додека се вршат електричните

празнења своите апарати од домаќинствата да ги исклучуваат за да не дојде до некоја несакана ситуација а исто така во случај на појава на силен ветер да внимаваат каде и како се движат и каде ги паркираат своите автомобили, односно истите да бидат подалеку од дрвјата.

Денес (недела) ќе биде најтопло кога максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени додека утре (вторник) истите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени додека од запад ќе започне температурата да опаѓа па така токму таму температурите на воздухот ќе бидат нешто пониски.

Позначителен пад на температурите кој ќе бидат нешто под просекот ќе има од среда кога ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер.

Температурите на воздухот од вторник па натаму ќе опаднат дури за околу 10тина степени.

НАПОМЕНА: Поради изразеното југозападно и западно воздушно струење во текот на денешниот неделен ден ќе се врши транспорт на прашина и песок па така и атмосферата ќе биде заматена, а влажноста во воздухот ќе биде нешто повисока па затоа ќе имаме помачно и спарно време особено попладнето и вечерта кога влагата е особено позначителна.

Токму ова особено кај метеопатите може да доведе до тежина на телото, проблеми со притисокот, повремена нервоза како и несоница како и болки во коските и на местата од старите рани и тоа со оглед дека се наоѓаме пред значителна промена на временската состојба.

Треба да знаете
Последни објави