Search

После брилијантното Светско првенство: Селекторот на Хрватска доби прва богата понуда

Откако репрезентацијата на Хрватска заврши со сребрен медал на Мундијалот во Русија, селекторот на „Коцкестите“, Златко Далиќ веќе ја доби и првата понуда.

Далиќ кој што има договор со Фудбалскиот сојуз на Хрватска до 2020-та година, добил понуда од кинески клуб каде што би заработил 15 милиони евра за договор од три години. Да потсетиме, Далиќ веќе работеше во Азија, а откако оствари огромен успех со Хрватска на Светското првенство, сега и неговата цена порасна.

Секако, ова веројатно нема да биде единствената понуда за Далиќ ова лето, но исто така се очекува Далиќ да остане на селекторското место и да ја предводи репрезентацијата на Хрватска и на Европското првенство во 2020-та година.

Треба да знаете
Последни објави