Search

Пожар во куќа во Скопје – пожарникарите два пати интервенирале

Пожарникарните екипи во текот на вчерашниот ден два пати интервенирале по избувнување на пожари во приватни имоти во Скопје.

Според информација на МВР, вчера утрината во 06.00 часот на улица „Пандо Кљашев“ во Скопје настанал пожар во подрумските простории од куќа сопственост на 80-годишниот С.М. Со пожарот биле  опожарени само подрумските простории. Пожарот бил целосно изгаснат во 07.30 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, попладнето во 13.00 часот на улица „Козле 3“ во Скопје настанал пожар во барака сопственост на 82-годишниот М.Т. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот во 13.50 часот. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави