Search

Поднесени над 400 амандмани од ВМРО ДПМНЕ за измените на Изборниот законик

Поднесени над 400 амандмани од ВМРО ДПМНЕ за измените на Изборниот законик

По завршување на лидерската средба, во Собранието доцна попладнево се одржа седница на собраниската Комисија за европски прашања на која на дневен ред беа измените на Изборниот законик по скратена постапка. ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани на измените на Изборниот законик.

Со измените на Законикот,  се предлага новиот состав на Државната изборна комисија да се бира со  61, наместо сегашните 81 глас.

Бидејќи амандманите беа поднесени пред почетокот на седницата, тие треба и да се преведат, па потоа Комисијата ќе ја продолжи работата со  разгледување. ВМРО-ДПМНЕ побара да не се усвои дневниот ред, за да не почне веднаш да течат роковите за расправа по амандманите.

Опозицијата го обвини мнозинството дека со закажувањето на Комисијата го крши Уставот, законот, Деловникот и обвини дека веќе во Собранието станува пракса да не се почитува правната држава.

Според собранискиот Деловник, Комисијата за европски прашања има два работни дена за да ги разгледа амандманите и да гласа за измените на Изборниот законик. Претседателот на Комисијата Артан Груби изјави дека ја закажал седницата бидејќи измените се со европско знаме, за да го запази рокот предвиден во собранискиот Деловник.

Треба да знаете
Последни објави