Search

Пасошот веќе нема да биде доволен: Со новиот закон без ова нема да можете преку граница

Државјаните на земјите од Западен Балкан во иднина ќе мораат преку интернет од Европската Унија да побараат дозвола за влез во Шенген зоната и иако не им е потребна виза за патување да платат такса од 7 евра – предвидуваат новите мерки кои ЕУ ги воведе за многу построг надзор на надворешните граници на Унијата.

 

Откако беше потврдена од Европскиот парламент, а потоа и усвоена од страна на Советот на министри на Унијата, мерката ќе стапи на сила од јануари 2021 година како дел од системот.

Со мерката ќе бидат опфатени сите државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, на кои ќе им биде потребна виза во Шенген просторот на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.

Како ќе изгледа целата процедура?

Откако ќе поднесе барање, патникот мора во рок од 96 часа да добие одговор дали неговата дозвола ќе биде издадена. Таа ќе важи 3 години, односно до крајот на важноста на патните документи.

Во самото образложение на овие мерки е наведено дека авиопревозниците и бродарските компании пред качување на патниците ќе мора да проверат дали тие располагаат со важечка дозвола за премин на границата на Унијата и влез во Шенген зоната.

Треба да знаете
Последни објави