Search

Откриен бесниот говор на Фергусон по поразот од Барса во големото финале во 2009 година

Манчестер Јунајтед имаше шанса да стане единствениот клуб кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите во 2009 година (прв во новиот форма), но сепак составот предводен од Сер Алекс Фергусон беше надигран во големото финале од Барселона која таа година направи историја со Пеп Гвардиола како шеф на стручниот штаб.

Мечот кој се одигра на „Олимпико“ во Рим беше решен од Самуел Ето и Лионел Меси кои ги постигна двата гола во победата од 2:0, а сега девет години по големото финале во Лигата на шампионите, атмосферата од соблекувалната на Јунајтед ни ја долови Мајкл Карик.

Поранешниот капитен на Јунајтед ,откри колку тешко ја поднел својата грешка на овој натпревар, а во продолжение откри во какво бесно издание го видел Фергусон по поразот од 2:0.

– Шефот беше видно бесен и вознемирен и ни се дереше на сите со поцрвенето лице. Ни порача дека треба да се погледнеме себеси и да размислиме дали може да играме на тоа ниво. „Ние сме Манчестер Јунајтед и Москва 2008 нема никакаво значење. Очекувањата беа големи, пропуштивте голема шанса“, беа дел од неговите зборови. Откако заврши со својот говор, едноставно почнав да си го поставувам прашањето „дали сум доволно добар“, – открива Карик.

Треба да знаете
Последни објави