Search

Османи во Тирана на средба со вицепремиерите за евроинтеграции од регионот

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач – шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, Бујар Османи, заедно со својот заменик и главен технички преговарач, Бојан Маричиќ, ќе престојува во работна посета на Тирана, Република Албанија, во рамките на која, заедно со министрите и вицепремиерите за европска интеграција на земјите од регионот ќе учествуваат на третата Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан.

Во рамките на конференција се очекува да биде потпишана заедничка декларација каде, меѓу другото, ќе се реафирмираат заложбите за унапредување на добрососедските односи, унапредување на регионалната соработка како и европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Во рамки на конференцијата вицепремиерот Османи ќе има свое обраќање на панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста, а за време на работна посета на Тирана се очекува да оствари и повеќе билатерални средби.

Конференцијата за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR) во Тирана е поддржана од страна на Австриското претседателство со Советот на ЕУ и претставува трета по ред конференција, на која ѝ претходеа првата – одржана во Скопје во 2015 година и втората – одржана во Подгорица во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави