Search

Олуја во Европа!Невреме во Франција:Жена загина,двајца исчезнати,налет на дожд и ветер

Една жена загинала, а уште две лица се водат како исчезнати во обилните дождови кои утрово го погодиле јужниот департман Од каде поради невремето бил издаден црвен степен на предупредување.

Водата однела жена во Вијардонела, а уште две лица се водат како исчезнати, рекол шефот на полицијата на тој департман.

Тој рекол дека исто така една личност била повредена при рушење на домот.

Француската метеоролошка служба, утрово прогласила црвен знак на предупредување за департманот Од, а поради силните олуји и дождовите го повикала населението да остане во домовите. Сопрен бил превозот на деца во училишта во најголемиот град во областа Каркасон.

Во тој дел веќе паднале повеќе од 180 милиметри дожд.

Уште шест департмани на југот на Франција биле ставени утрово во портокалова состојба на приправност поради олујите проследени со силни дождови.

На почетокот на попладнето олујните дождови ќе се намалат во Од и ќе се придвижат кон департманите на југ кон Пиринеите, каде би можело да падне до 200 милиметри дожд.

Треба да знаете
Последни објави