Search

Од денес почнува со работа базенот во Аеродром

Од денес почнува со работа базенот во Аеродром

На најголемиот отворен базен во Македонија, „Аеродром“, денеска официјално ќе биде отворена новата сезона, во која овој објект повторно ќе биде прибежиште од летните горештини.

Денешното големо отворање ќе биде бесплатно и сите ќе може да се впуштат во сончање, пливање и забава на вода, која ќе им дојде како совршено уживање за претстојниот викенд.

Базенот ќе биде отворен секој ден од 10 до 18 часот и исто како и изминатите години, функционира по принципот на членство. Токму поради тоа, се замолуваат сите заинтересирани навреме да им се јават на организаторите со цел да си ја обезбедат својата членска карта. Kомплексот, покрај одличните базени, годинава ќе нуди и добра музика, журка, рекреација и вкусна храна.

Треба да знаете
Последни објави