Search

Нелегален комар откриен во Тетово и Куманово

Нелегален комар откриен во Тетово и Куманово

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(22) од село Милетино, општина Брвеница за сторено кривично дело “Приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган” од Закон за игрите на среќа и забавните игри.

На 13.февруари 2011 година во село Милетино, од страна на полициски службеници, при контрола во објект без фирма лоциран во село Милетино, бил затекнат пријавениот како приредува забавни и игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган. При тоа во наведениот објект биле пронајдени и одземени три покер апарати.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесена кривична пријава против А.М.(25) од Куманово за сторени кривични дела “даночно затајување“ и “приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ од Закон за игрите на среќа и забавните игри.

Во текот на 2018 година во село Матејче, Липково во деловен објект, сопственост на лице од село Матејче, пријавениот приредувал игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган, со што одбегнал плаќање на давачка-надоместок за добивање на лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница во износ од 6.457.500 денари, за кој износ го оштетил Буџет на РМ.

Треба да знаете
Последни објави