Search

Најсреќниот човек во несреќата во Џенова

Најсреќниот човек во несреќата во Џенова

Надвозникот „Моранди“ во Џенова се урна во вторникот. Италијанските медиуми објавија дека во инцидентот загинале најмалку 35 лица.

Операцијата за спасување продолжува и се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем.

Светот го обиколуваат фотографии направени од местото на несреќата, а многу внимание привлече зелениот камион кои застанал точно на работ на срушениот надвозник.

Многу возачи на камиони го опишаа неговиот возач како најсреќен човек во светот.

Агенцијата „Анса“ објави дека официјалните претставници се сомневаат оти причина за колапсот е недоволната стабилност на конструкцијата. Според очевидците, за само 15 секунди исчезнале речиси стотина метри од надвозникот.

Треба да знаете
Последни објави