Search

Мотив или реалност?Алегри му испрати порака на Роналдо по трите меча без гол

Кристијано Роналдо не ја криеше својата фрустрација за време на мечот со Парма, па во неколку наврати удираше со рацете во земјата откако и трет натпревар по ред не успеа да се запише во листата на стрелците за својот нов клуб.

Португалската ѕвезда мируваше против Киево, немаше свој ден и во дербито против Лацио, а лошата среќа пред противничкиот гол продолжи и против Парма во натпревар на кои имаше неколку добри прилики да го скрши мразот.

Без разлика на тоа што не постигна ниту еден гол, Јувентус успеа да го пронајде патот до победата на сите споменати три дуели, а со оглед на тоа што почна да се создава притисок за неефикасноста на Роналдо, Масимилијано Алегри почувствува потреба да застане во одбрана на својот играч.

– Роналдо имаше добар натпревар, му помагаше на тимот во секој момент. Има разлика во тоа што досега го играше и на тоа што е навикнат. Во италијанската лига повеќе внимание се обрнува на одбраната и тој го знае тоа. Тој е паметно момче, во Италија е многу тешко да се постигнат 40 гола, – порача Алегри, изјава која допрва ќе дознаеме дали е мотив плус за Роналдо да почне да ги полни противничките мрежи, или реалност на која ќе мора да се навикне доскорешната ѕвезда на Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави