Search

Министрите на ЕУ на состанок за референдумот вo Македонија и состојбата во регионот

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска ќе се состанат во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.

На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во регионот, меѓународните односи, вклучувајќи ги и резултатите од 73-тото Генерално собрание на Обединетите нации, неведува агенција.

Министрите, исто така, ќе разговараат и за ситуацијата во Македонија по референдумот што неодамна се одржа, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7-ми октомври.

На дневен ред ќе се најде и миграцијата и ситуацијата во Либија.

Агенцијата претходно објави, повикувајќи се на шефот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, дека министрите официјално ќе ги санкционираат новите санкции за Русија за наводно користење на хемиско оружје.

Треба да знаете
Последни објави