Search

Менаџерот на Роналдо: Модриќ е најдобар? Ова е смешно

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер во Европа за оваа година, а тоа очигледно не му се допадна на менаџерот на Кристијано Роналдо.

Роналдо не даде коментар откако остана без признанието кое што заврши во рацете на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, но затоа Жорге Мендеш без влакна на јазикот прогласувањето на Модриќ за најдобар фудбалер го нарече смешно.

„Ова е едноставно смешно. Роналдо минатата сезона го предводеше Реал Мадрид и постигна 15 гола во Лигата на шампионите, па така целиот овој избор е смешен“, изјави Мендеш.

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, покрај признанието за најдобар фудбалер на годината, беше прогласен и за најдобар играч за врска на годината.

Треба да знаете
Последни објави