Search

Медот и оревите ја лечат анемијата и го зајакнуваат срцето

Мешавината на овие две состојки особено е делотворна кај луѓето кои се исцрпени и имаат слаба крв, а погодна е и за лекување на хипертензија. Ви го претставуваме рецептот за како да го подготвите тој лек.

Во комбинација со мед, оревот претставува исклучителен природен лек поради тоа што организмот го осигура со сите неопходни витамини, минерали, протеини, масти и јаглени хидрати.

Мешавината од овие две состојки особено делува кога сте исцрпени и доколку имате слаба крв.

Лекот се подготвува така што 500 грама мед ќе се помеша со исто толку мелени ореви и еден лимон. Од оваа мешавина се зема по една лажица на секои три до четири часа сè додека да забележите подобрување.

За лекување на хипертензија и анемија предизвикани од намалено железо, секојдневно треба да се внесуваат 100 грама ореви со иста количина на мед, а тоа треба да се практикува 45 дена.

Треба да знаете
Последни објави