Search

Македонците пушат најевтини цигари во регионот

Македонците пушат најевтини, а Хрватите најскапи цигари во регионот, според податоците на СЗО.

Цената на цигарите во Хрватска се движи од 3,50 евра, додека Македонците за кутија цигари плаќаат од 1,95 евра.

Во Босна и Херцеговина и Србија, кутија цигари изнесува од 2,40 до 2,60 евра.

Во Албанија цените по кутија изнесуваат 2,37 евра, а во Бугарија 2,81 евро, објави Нумбео, центарот што ги споредува трошоците за живот во сите земји.

Цените на цигарите во Европа се највисоки во Норвешка, Ирска, Велика Британија и Исланд, каде една кутија цигари изнесува од 10,32 до 11,54 евра.

За цигари во Австралија потребно е да се издвојат повеќе од 17 евра по кутија.

Треба да знаете
Последни објави