Search

Конзервираното и замрзнатото овошје е исто здраво како и свежото

Најновите истражувања ја негираат тезата дека конзервираното и замрзнатото овошје не може да бидат подеднакво здраво како свежото. Сосема е сеедно дали јадеме свежи или замрзнати намирници.

Анализата на тим истражувачи на Универзитет неодамна покажала дека конзервираното и замрзнатото овошје/зеленчук содржи скоро иста количина хранливи материи како и свежите намирници.

Истражувањето открило дека замрзнатиот домат содржи повисоки нивоа на витамин Б, витамин Е и каротеноид од свежиот. Кога станува збор за конзервираниот грав и останатите мешунки, влакната стануваат растворливи во процесот на конзервирање во однос на гравот што не е конзервиран.

Конзервираните и замрзнатите намирници можат да се складираат доста подолго од свежите производи со што се елиминира можноста да се расипат, а цената на несезонското овошје и зеленчук во текот на годината варира, додека цените на замрзнатите е стабилна.

Како и да е, на вас останува да одлучите за која варијанта ќе се одлучите, особено кога станува збор за здравјето на вашите најмили.

Треба да знаете
Последни објави