Search

Колку лица еден човек може да запамти?

Преку интересно истражување британските научници открија колку лица еден човек во просек може да запамти.

 

Тим научници во Велика Британија објави резултати од истражување направено во неколку фази: првин на група од 15 жени и 10 мажи на возраст меѓу 18 и 61 година им покажале фотографии од лицата на луѓе од нивното опкружување – роднини, пријатели, колеги од факултет и слично, при што требало да ги наведат нивните имиња и професии. Во рок од еден час испитаниците идентификувале 362 лица во просек.

Во втората фаза им прикажувале лица на луѓе од јавниот живот и процентот на идентификација бил помал, во просек 290.

Во втор експеримент научниците истражувале колку лица луѓето ќе идентификуваат како „познати“, а притоа да не мора да ги наведат името или функцијата. Овој пат тоа биле лица од јавниот живот. Во овој експеримент немало временско ограничување.

На крајот кај секој учесник во експериментот бил спореден бројот на идентификувани лица и бројот на лица означени како познати. Така е дојдено до заклучокот, значително повеќе познати лица. На основа на тој фактор дошле до бројка на вкупно 5.000 лица кои човекот во просек ги познава.

Британците заклучиле дека бројката се движи од 1.000 до 10.000 лица.

Треба да знаете
Последни објави