Search

Кои се вашите права кога авиокомпанијата ќе ви го изгуби или оштети багажот?

Повеќето луѓе не знаат кои се нивните права кога патуваат во сопствената земја и во странство. Кога е во прашање губење или оштетување на багажот, повеќето авиокомпании нема сами да ве посоветуваат што да правите и до која граница може да одат вашите барања. Затоа, научете кои се вашите права и не дозволувајте авиокомпаниите да поминат без последици за непрофесионалноста.

Резултатите од едно неодамнешно истражување покажаа дека дури 87% од луѓето на кои авиокомпанија им го изгубила или оштетила багажот не поднеле никакво барање за отштета од компанијата. Интересно е што дури 29% од луѓето не знаат да напишат барање, ниту ја знаат постапката во ваков случај.

Следете ги овие совети што треба да направите во ваква ситуација (во која се надеваме нема да се најдете некогаш).

Поднесете барање уште пред да излезете од аеродромот

Немојте да се задоволувате со ситен износ што ќе ви го даде авиокомпанијата во случај на изгубен багаж, туку веднаш побарајте ја канцеларијата за изгубен багаж и пријавете го случајот. Ќе добиете број под кој е заведено вашето барање, а тоа ќе ви помогне да следите каде се наоѓа вашиот багаж ако е по грешка однесен на друго место и ќе можете подоцна да барате отштета.

Фотографирајте го оштетениот багаж, веднаш!

Ако сте го добиле куферот, но е оштетен, веднаш фотографирајте ја штетата. (Паметно е да го фотографирате багажот и пред да го предадете во авионот.) Во поголемиот број случаи, авиокомпаниите даваат само 24 часа за да ја пријавите штетата, па ако забележите дека ви фали некое тркалце веднаш фотографирајте го куферот и пополнете барање за отштета на соодветниот шалтер на аеродромот.

Поднесете барање преку интернет

Треба да поднесете скенирани примероци од сметките за сѐ што сте купиле во меѓувреме, односно за основните работи што ви биле во куферот, а без кои не сте можеле. Повеќето авиокомпании имаат готови формулари за оваа намена и одговараат на поднесените барања за ден-два.

Почекајте компанијата да ја процесира вашата жалба

Ако се работи за мала жалба или барање на патникот, авиокомпаниите веднаш прават спогодба и исплаќаат отштета на лице место. За поголеми жалби најверојатно ќе им треба повеќе време за процесирање.

Примање на отштетата

Ако не ви бидат вратени парите или сметате дека барањето што ви го одбиле е разумно, јавете се во авиокомпанијата и барајте објаснување зошто. Ако авиокомпанијата одбива да ви објасни или да ви плати, можете да ја тужите и тие трошоци не ги покривате вие. Можеби ви звучи како малтретирање, но кога се судски тужени, мора да ви ја платат штетата. Бидете упорни, не дозволувајте да ве оштетат со тоа што „ве фатиле на кондиција“.

Треба да знаете
Последни објави