Search

Кога ќе го гледаме дебито на Роналдо во црно-белиот дрес?

Најзвучното засилување на Јувентус, Кристијано Роналдо, ги почнува подготовките со новиот тим на 30 јули, а дебито во новиот клуб се очекува да го има 12 дена подоцна.

 

Кристијано Роналдо направи трансфер од Реал во Јувентус, а навивачите на Старата дама со нетрпение го очекуваат неговото деби.

Португалецот моментално се наоѓа на одмор, а соопштено е дека подготовките за новата сезона ќе ги започне на 30 јули.

Тој нема да патува со екипата на предсезонската турнеја во САД и ќе настапи на мечот против својот поранешен клуб, Реал Мадрид, кој е закажан за 5 август.

Ќе биде интересно да се види како довчерашниот член на Кралевите, ќе игра против клубот од Мадрид, сега во нови црно-бели бои.

Роналдо ќе се подготвува во Италија, заедно со играчите кои добија продолжен одмор после настапот на Светското првенство во Русија – Хрватите Марио Манџукиќ и Марко Пјаца, како и Блејз Матуиди, членот на репрезентацијата на Франција, која на крај го освои и трофејот.

Дебито на Роналдо во црно-белиот дрес се очекува да се случи на 12 август, во традиционалниот пријателски меч со младиот тим на Јувентус.

Ова ќе биде загревање за почетокот на натпреварувањето во Серија А, чија сезона почнува на 19 август.

„Договорот е подготовките да ги започнам на 30 јули. Сакам да настапам на првиот меч од Серија А во новата сезона и многу сум нестрплив поради тоа. Би сакал сезоната да започне уште утре. Моите години не се важни, мотивиран сум, се чувствувам добро и сакам предизвици, а ова е секако еден нов почеток и јас сум подготвен за тоа“, порача Роналдо, откако официјално го зема дресот со број 7.

Треба да знаете
Последни објави