Search

Камион прегазил пешак во Куманово

Камион прегазил пешак вчера во Куманово, информираше МВР.

Сообраќајната несреќе се случила околу 14 часот на улицата Бајрам Шабани, каде се изведуваат градежни работи за поставување на бекатон плочки. Тогаш Џ.Ј. (46) од Липково, движејќи се наназад со камион „мерцедес“ го прегазил Ќ.А.(43) од Отља, кој починал на самото место.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Треба да знаете
Последни објави