Search

Истражување: Доењето е подобро за бебето отколку измолзеното млеко

Ново истражување покажува дека постојат разлики меѓу директното доење и измолзеното млеко што бебињата го добиваат преку шише.

„Мајките кои измолзуваат млеко вложуваат напори, па не сакам да добијат чувство дека тоа млеко не е вредно. Се поставува прашањето дали измолзеното млеко е еднакво добро како и млекото што бебето го добива директно со цицање. Исто така, се поставува прашањето што треба да направиме за да им дадеме поддршка на мајките доколку тоа сакаат да го прават“, вели авторка на истражувањето.

Истражувањето покажало дека прекинот на доење пред шестиот месец директно е поврзан со побрзо зголемување на телесната тежина. Другите податоци покажале дека доколку имате повишен индекс на телесна маса во раната фаза на животот тоа подоцна доведува до дебелина.

Механизмот одговорен за тоа што директното доење е подобро од измолзеното млеко официјално не е јасен. Можно е нешто што се случува со состојките на млекото кога ќе се олади, замрзне или одмрзне, можеби и самиот чин на доење им овозможува на бебињата подоборо да ја контролираат количината на млеко. Научниците истакнуваат дека истражувањето ја поддржува тезата дека директното доење е подобро и се бара од законодавците да обрнат внимание на родителското отсуство и поддршка на мајките-доилки.

Во САД многу мајки одат на работа неколку недели по породувањето и доколу сакаат да ги растат децата со мајчино млеко мораат да се одмолзуваат. Во САД нема платено породилно отсуство.

Светската здравствена организација препорачува ексклузивно доење до 6 месеци, а доењето може да продолжи со дохрана до втората година на детето. Доењето ги намалува ризиците од бројни инфекции, дијабетес, астма и други болести.

Треба да знаете
Последни објави